ОВА Е ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ – Топлотен бран го зафати југоисточниот дел на Австралија: Во Сиднеј температури до 12 степени над просекот

Југоисточна Австралија денес беше погодена од топлотен бран кој го зголеми ризикот од шумски пожари и ги принуди властите да забранат палење на секаков вид оган во многу делови на Нов Јужен Велс.

Временската прогноза предвидува температури до 12 Целзиусови степени и над просекот во некои области, вклучително и главниот град Сиднеј, пренесува медиумската агенција Reuters.

На аеродромот „Кингсфорд Смит“ во Сиднеј во 14 часот по локално време измерена е температура од 34,6 степени Целзиусови, што е за 11 степени над октомврискиот просек.

Австралија влегува во сезона на висок ризик од шумски пожари по почетокот на неодамна објавената сезона на „Ел Нињо“, која често е придружена со екстремни настани како што се шумски пожари, циклони и суши.

Државниот министер за вонредни ситуации Џихад Диб официјално го најави почетокот на периодот на висок ризик од пожари следната недела, со високи температури.

Не само што е топло, туку е и суво и ветровито, а сето тоа во комбинација дава совршени услови за лошо време и невреме“, изјави Џихад Диб.

Австралијавреме