Рускиот „Gentlemans Fight Club“ одлучи да го ангажира Игор, 260 килограми тежок човек, кој обожава да се бори, со што му се исполни неговата голема желба да биде во рингот.
Овој „голем“ човек доби многу полесен противник, но и тоа не беше доволно за достојно да излезе од неговата борба.
Во џентлменска борба, во која задолжителни се кошулите и вратоврските за време на борбата, тој излезе како тотален губитник бидејќи беше нокаутиран во првата рунда.
Иако многумина веруваа дека може да издржи уште подолго, тој на стартот на сите им ги сруши надежите, со чудни потези.