16-годишниот Ејден Фучи, кој ја уби својата пријателка, Тристин Бејли (13 г.) прободувајќи ја 114 пати, е осуден на доживотен затвор во судот на Флорида.
Тој е осуден поради, како што изјавил судијата, за болна „желба“ да „почувствува како изгледа да убиеш некого“, пишува Daily Mail.
Фучи, кој тогаш имал само 14 години, се изјасни за виновен за убиство од прв степен што се случило во мирна населба во Сент Џонс, Флорида во 2021 година.
Семејството на убиената Тристин Бејли не можеше да ги задржи солзите во судницата поради големата трагедија.
„Тристин Бејли беше свесна и правеше се што можеше за да се одбрани од нападот на Фучи“, кажал судијата Смит, додавајќи дека девојчето претрпело „болна, ужасна смрт од рацете на некој на кој му верувала“.
Судијата кажа дека има само „една соодветна казна во овој случај“ пред да ја донесе пресудата.
Во предвид биле земени годините на Фучи, менталното здравје, домашниот живот и писмата од семејството на момчето, како и фактот дека тој бил „единствениот учесник“ и „100 отсто одговорен за ова убиство“.
За време на изрекувањето на пресудата во петокот, судијата Смит кажал дека ова е еден од „најтешките случаи“ во областа во која бил вклучен за време на неговата 16-годишна пракса како судија.
Судијата верува дека однесувањето на Фучи пред убиството покажало „засилено ниво на предумисла“ и дека изгледа ги разбира последиците од своите постапки.
Тој исто така порача дека загрижува тоа што се чини дека нема мотив за убиството и дека тоа е извршено „за ништо друго освен за да се задоволи внатрешната желба на обвинетиот да почувствува како е да се убие некого“.