Ова е прашањето на кое сите ние очајно сакаме да го знаеме одговорот: Што се случува откако ќе умреме ?
55-годишен маж од Англија го сподели своето фасцинантно искуство откако беше вратен во живот од работ на смртта, пишува Daily Mail.
Срцето на Кевин Хил наеднаш застанало додека бил во болницата Derby Royal и се лекувал од калцифилакса – ретка болест со која калциумот се таложи во малите крвни садови на масното и кожното ткиво.
Докторите го нарекоа како – „човек чудо“, поради неговото закрепнување, а тој тврди дека наводно кога „умреме“ „нема светлина кон која треба да се оди“ – иако неговото искуство со „умирање“ и враќање во живот било мирно.
„Бев одвоен од моето тело. Бев како да сум во духовното царство – бев свесен што се случува, но се беше многу мирно“, вели тој за Daily Mail.
Хил имл операција на срцето во јануари 2022 година поради проблем со срцевиот систем што предизвикало акумулација на вода во неговите нозе, а потоа развил и калцифилакса, што може да предизвика згрутчување на крвта и болни чирови на кожата што може да доведат до крварење.
Хил рекол дека изгубил пет литри крв пред да му застане срцето и дека бил мртов неколку минути пред докторите да почнат да го реанимираат и да го вратат назад во живот.
„Знаев дека крварам. Знаев дека е сериозно. Персоналот влегуваше и излегуваше од мојата соба со цел за да го запре крварењето и да ми помогне“, вели тој.
Кевин кажал дека гледал од страна додека болничкиот персонал се обидувал да го спаси.
„Знаев дека ќе умрам. Бев одвоен од моето тело. Потоа само заспав и се разбудив жив и крварењето престана. Знаев дека не е време за умирање“, кажал тој, а потоа додал дека ова искуство го принудило да ги промени своите приоритети во животот.
„Кога ја напуштив болницата, атмосферата во моето семејство драматично се промени“, тврди тој.
Хил речиси целосно се опоравил и се врати дома со сопругата Камил (52 г.).
„Јас сум во последната фаза на опоравување. Десната нога уште малку ме боли, но не ни приближно како порано – плачев со часови“, отворено кажал тој.
„Мојата болка порано беше многу голема, а сега е сведена на минимум. Сите велеа дека требаше да бидам мртов сега, ова е вистинско чудо“, заклучил тој.