Патот до смртта за 11-годишната Василика во Грција започна во моментот кога влегла во автомобилот на нејзиниот вујко, нешто по девет часот во неделата навечер.
Под непознат изговор, 37-годишниот маж ја убедил девојката да го следи. На крајот, детето, како што е случајот со повеќето деца жртви на криминални дела, имало доверба во сторителот, бидејќи тоа бил нејзиниот вујко, братучед на нејзината мајка.
Во неделата вечерта, како што минувало времето, а Василика не се враќала дома, родителите се загрижиле, а таткото околу 03.00 часот ги известил надлежните за исчезнувањето на девојчето. Почувствувале дека детето е во животна опасност. Многу брзо беше издадено жолто предупредување за пребарување.
Кога откриле дека последен кој го видел 11-годишното девојче е 37-годишен роднина на мајката, алармот се вклучил: овој човек бил уапсен во 2017 година за силување на малолетничка и, според досегашните информации, сега бил на условен отпуст и често бил присутен во локалната полициска станица.
Полицијата го привела 37-годишниот маж, а на распит се обидел да ги убеди дека нема никаква врска со исчезнувањето на девојката, но неговата изјава била полна со контрадикторности. На крајот признал дека ја убил својата внука удирајќи ја со шрафцигер по вратот.
Телото на детето го фрлил во полето, каде што полицијата го пронашла во раните попладневни часови.
Грчките медиуми јавуваат дека тој бил уапсен во 2017 година под обвинение дека силувал 14-годишно девојче.
Во 2020 година, според досегашните информации, тој првостепено беше осуден од судот на Закинтос, но неговото барање за запирање на извршувањето на казната беше прифатено, во очекување на рочиште во Апелациониот суд.
Со условна казна, 37-годишниот убиец никогаш не отишол во затвор.
Така, во неделата вечерта, тој во суштина остана неказнет затоа што силувал 14-годишно дете, а потоа убил 11-годишно девојче.