Како дел од своите организирани операции против нарко бандите, Белгија неодамна заплени толку многу пратки кокаин што сега се соочува со проблемот на криминалците кои го крадат.
Новиот проблем на Белгија произлегува од астрономските количини на кокаин кои пристигнуваат од Латинска Америка. Белгискиот пристанишен град Антверпен е најголемиот центар за шверц на кокаин во Европа, со рекорд од речиси 110 тони запленети минатата година, околу 90 тони во 2021 година и 66 тони во 2020 година, според царинските власти.
Холандија е втората голема европска влезна точка за дрога, но нејзината предност е што царинските службеници и полицијата пристигнуваат да го запалат запленетиот кокаин истиот ден. Заплените во Белгија се зголемија, а властите беа критикувани затоа што не успеаја да се справат со порастот на криминалот.
Кристијан Вандерварен, прв човек на Царина во Министерството за финансии на Белгија, повика конфискуваната дрога да биде запалена што е можно поскоро, по можност истиот ден.
„Холандија пресретнува дрога и има доволно опции веднаш да ги запали, а ние во моментов ја немаме таа опција“, изјави тој за белгиското национално радио во понеделникот.
Ине Ван Вимерш, белгиска комесарка за дрога, во средата во Националниот совет за безбедност презентираше план за борба против белгискиот криминал поврзан со дрога. Ине Ван Вимерш беше назначен за прв комесар за дрога во Белгија во февруари поради сериозноста на проблемот.
Во последните месеци во Белгија ескалираа инциденти поврзани со кражба на дрога. Минатиот петок на двајца пристанишни работници им се заканувале со нож во близина на контејнер во пристаништето Антверпен. Три лица ги врзале работниците додека се обидувале да стигнат до контејнерот. Белгиската царина подоцна потврди дека во контејнерот имало кокаин, скриен меѓу животински кожи. Инцидентот се случил три недели откако седум вооружени Холанѓани беа фатени како крадат кокаин во Антверпен. Во јануари, 11-годишно девојче, чие семејство било поврзано со нарко-бизнисот, беше убиено во пукање во областа Антверпен.
„Дрогата е уште поголем проблем од тероризмот“, вели белгискиот министер за правда Винсент Ван Квикенборн во интервју за Financial Times во август, повикувајќи на меѓународна соработка од Европската унија за разбивање на синџирите за криминал со дрога.
Винсент Ван Квикенборн беше под полициска заштита откако бандите се обидоа да го киднапираат него и неговото семејство во септември минатата година.
Нарко бандите кои се обидуваат да употребат брутални напади за да дојдат до конфискуваниот кокаин и ги ставија белгиските власти во состојба на готовност. Дел од белгиските службеници се пожалија на недостиг на кадар во Царина. За царинските службеници има безбедносни прашања од конфискација до транспорт на дрогата на бесбедно, на кој им помага полицијата. Синдикатите се жалат дека владините мерки, како што е скенирањето на контејнерите, нема да ја подобрат безбедноста на царинските службеници.
Во меѓувреме се зголемуваат количествата дрога запленети од белгиските власти. Според официјални лица, рекордот ќе биде соборен уште еднаш оваа година. Во интервју за белгиското радио, Винсент Ван Квикенборн откри дека годинава за еден месец биле запленети 40 метрички тони. Минатиот петок, белгиската царина објави дека запленила 7,5 метрички тони кокаин во една пратка скриена под кутии со банани.