Ова е главниот осомничен за смртта на Пригожин?! Приведен инженерот кој ги изврши последните „поправки“ во авионот пред летот на смртта! (ФОТО)

Сергеј Китриш е испрашуван за тоа што се случило непосредно пред последниот лет на водачот на групата Вагнер.

Руските власти го испрашуваат инженерот кој во последен момент го поправал авионот на Евгениј Пригожин.

Сè уште не е познато што го предизвикало падот на Embraer Legacy 600, а Западот се огласи и рече дека се сомнева оти Путин го наредил неговото убиство, што Кремљ ги нарече „апсолутни лаги“. Сите 10 луѓе во авионот загинаа.

Пригожин, кој беше во авионот и го загуби животот, водеше краткотраен, но неверојатен обид за државен удар во јуни против Путин, критикувајќи ги напорите на највисоките воени лидери што ја водеа инвазијата на Украина.

Инженерот Сергеј Китриш (41) бил испрашуван по авионската несреќа, објави каналот CPC-OGPU, кој има врски со руските безбедносни служби.

– Тој постојано работеше со авионот на Пригожин и токму тој ја изврши последната поправка за замена на кочницата и турбо ладилникот. Инспекторите веруваат дека бомбата можеби била поставена за време на поправки во последен момент. Набргу по експлозијата, Китриш бил однесен под надзор на руските специјални служби на местото на несреќата. Тој беше испрашуван од истражителот полковник Иван Сибул. Се сослуша и сега се решава судбината на Китриш. Уште не го пуштиле дома. Не се знае судбината на уште двајца инженери кои учествувале во поставувањето на опремата. – се наведува.

Останатите инженери беа именувани како Артур Миченков и Алексеј Аншуков.