Фани Гечек е девојка на првата ѕвезда на унгарската репрезентација и најскапото засилување на Ливерпул ова лето, Доминик Собослај.
Многу брзо оваа русокоса го привлече вниманието на англиските медиуми. Доминик Собослај имаше фантастичен почеток на сезоната на „Енфилд“. Постигна два гола, од кои едниот за победа во Лига купот.
Фани Гечек, убавата Унгарка, е најголемиот поддржувач на играчот од средниот ред во новата средина. Ливерпул летово му плати на Лајпциг дури 70.000.000 за Доминик Собослај. Очигледно, неговата стабилност надвор од теренот му помогна брзо да се прилагоди на неговата нова земја. Фани Гечек е со Доминик откако се пресели.
– Фани е мојата најголема поддршка. Кога се преселив во Лајпциг, таа уште пред претставувањето купи клупски дрес со моето име. Нејзината поддршка ми е неверојатно важна – изјави Доминик Собослаи.
Фани Гечек е талентирана унгарска тенисерка. Кога била мало девојче и’ предвидувале блескава кариера. Таа беше професионалец од 2017 до 2019 година, но не успеа да постигне добри резултати, па се сврте кон некои други предизвици. Таа имаше само една победа и 13 порази. Сега ја завршува меѓународната бизнис школа во Будимпешта, работи како модел и развива сопствен бизнис.
Родена е во Будимпешта на 26 август 2001 година. Таа се појави на насловните страници на неколку списанија во Унгарија. Таа има рекламирано многу познати брендови ширум светот. Огромен број луѓе ја следат на социјалните мрежи, над 100.000 на Инстаграм и над 10.000 на Фејсбук. Во меѓувреме игра рекреативен тенис.