Од МВР велат дека дискотеката работела со фалсификувана лиценца.
Дејан Јованов – Деко е еден од сопствениците на дискотеката „Пулс“ во која загинаа 59 лица.
Како што пренесува “Радио Лидер”, тој имал и други бизниси и компании во други дејности.
“Дел од осомничените се во болница. Четири лица имаме обезбедено во болница, два члена на бендот, син на сопственик на дискотека и управител на правното лице кое ја менаџирало дискотеката. Дел од приведените лица кои се во полициска станица се луѓе кои имаат директна вина во овој кривично правен настан. Приведено е едно лице кое е организатор на настанот и за кое имаме сомнение дека е има директна вина. Исто така, приведени се поранешен државен секретар на Министерството за економија, поранешен, мислам дека е и сегашен раководител на еден сектор во министерството, поранешен директор во Дирекцијата за заштита и спасување и тројца вработени во Дирекцијата. Дел од приведените се организатори на настанот, дел се обезбедување, дел биле вклучени во други активности“, рече министерот Панче Тошковски на прес конференција.