Потребни се во сите индустрии, но особено се барани во финансискиот сектор
Како што растат заканите од сајбер напади , така расте и потребата од експерти за сајбер безбедност . Бирото за статистика на трудот на САД предвидува дека работните места во сајбер безбедноста ќе пораснат за 32 проценти во следната деценија – многу побрзо од другите. Оваа професија важи за една од најпотценетите, а може да ви донесе и до 100.000 евра годишно.
Во моментов, во Америка има речиси 600.000 непополнети работни места во областа на сајбер безбедноста за оваа професија, а на глобално ниво оваа бројка се искачува на високи 3,5 милиони, вели Лиза Гевелбер, главен маркетинг директор на Google за американскиот пазар.
Според нејзината проценка, сајбер безбедноста е една од најпотценетите професии, пренесува CNBC .
Плати над 100.000 евра годишно
Експерти за сајбер безбедност се потребни во сите индустрии, но особено се барани во финансискиот сектор, здравството и владата, вели Гевелбер.
Просечната плата за многу работни места во областа на сајбер безбедноста надминува 91.490 евра (годишно). Според BLS, просечната плата за аналитичарите за сајбер безбедност е 102.468 долари, додека просечната плата за менаџерите за сајбер безбедност е 150.107 долари.
На пазарот има и десетици работни места во областа на сајбер безбедноста, од кои некои плаќаат и до 182.980 евра годишно.