Полицијата во Белград ја уапси Ф.Ќ. (44) поради сомнение дека се обидела да го убие емотивниот партнер Б.Р.(36).
Осомничената се товари дека сторил кривично дело убиство во обид.
– Осомничениот и жртвата седеле во куќата и разговарале и по ручекот почнале да консумираат алкохол. Како одминувало времето, емотивните партнери почнале да се расправаат, а таа во еден момент зедла и нож – рече сведоок и додаде:
– Од непозната причина Ф.Ќ. зела кујнски нож и почнала да му се заканува на невенчаниот сопруг. Таа почнала да му вика и да му се заканува дека ќе го убие. Тој се обидел да ја смири но уапсената уште повеќе збеснала и го прободела во пределот на левото рамо.
Според извор од истрагата, тој паднал среде куќа, а набрзо пристигнала и брзата помош.
– Со возило на Итна медицинска помош е пренесен во болница каде му се констатирани повреди, а осомничената е приведена и задржана, по што ќе биде сослушана во надлежното обвинителство – вели изворот.
Истрагата е во тек и ќе се утврдат сите детали за овој обид за убиство.