Ова е мајката од пеколот: Бебето умрело од глад, постариот син јадел тапети за да преживее

За убиството на едногодишниот син на доживотен затвор е осудена мајката Изабел Д.од Густров.

За време на изрекувањето на пресудата, судијата рече дека оваа 24-годишна жена цело време се однесувала себично и дека повеќе сакала со часови да испраќа пораки преку Whats App наместо да се грижи за своите деца.

Таа беше осудена и за грубо занемарување на нејзиниот постар син, кој тогаш имал три години.

Обдукцијата покажала дека нејзиниот помал син починал на 20 септември 2020 година од неухранетост.

,,Не се чувствував добро. Често користев наркотици и лекови против болки. Сакав да бидам сама, не можев да функционирам правилно”, рекла Изабел за време на судењето.

Кога полицијата дошла во куќата на ужасот, видела дека постариот син ги лупи тапетите и јаде делови од креветот за да преживее. Во времето на неговото откритие, и тој боледувал од тешка форма на дијареа и бил неухранет.

Кобниот ден на малото момче, чиј идентитет не се соопштува, ненадејно му се слошило, но мајка му решила да го остави сам дома.

Според проценката на лекарот, момчето починало некаде помеѓу полноќ и девет часот наутро. Кога мајката се вратила дома, не ја проверила состојбата на децата. Само што легнала во дневната соба, а дури следниот ден околу 12 часот сфатила дека нејзиниот син повеќе не е жив.

Полицијата го пронашла телото на момчето покриено со измет и врзано за автомобилско седиште.

Постарото момче било скриено под масата, додека вознемирената мајка цело време врескала.

Момчето, кое сега има шест години, успеало да закрепне и сега живее со својот татко.