Со помош на корегирана диета Јелена Карлеуша успеа да ослаби 10 килограми и да ја доведе својата фигура до совршенство. Карлеуша е позната како голем поборник за веганска исхрана . Пејачката, покрај здравствените придобивки што ги носи овој тип на исхрана, вегетаријанството го гледа и како борба за зачувување на животинскиот свет ширум планетата.
Не јаде месо, со минимум животински протеини во форма на јајца, риба и млечни производи, а јаде многу овошје и зеленчук. Како што еднаш истакнала, никогаш не пиела кафе, а пие најмалку три литри вода дневно, додека слаткото го презира.
Ова е нејзиното мени:
Прв ден
Појадок: Кашкавал со малку маснотии 400 грама, две кришки интегрален леб, салата
Ужина: две јаболка
Ручек: Грашок со зеленчук околу 400 грама и салата
Вечера: Салата со тиквички
Втор ден
Појадок: овесни снегулки 4 лажици, микс од овошје, чиа семе
Ужина: 300 грама цреши
Ручек: Печен боранија со зеленчук, салата
Вечера: Кисело млеко 360 милилитри и салата
Трет ден
Појадок: Мафини со тиквички, салата
Ужина: Витаминска салата со црвена зелка
Ручек: Печурки со зеленчук
Вечера: пијалак од зеленчук
Ја сакам „замената за месо“, која има идентичен вкус како месото, но е направена од протеин од грашок“, открила еднаш Карлеуша.