Ова е моментот на експлозијата во Анкара: Едниот напаѓач пукал, другиот ја активирал бомбата (ВИДЕО)

Двајца полицајци се повредени во бомбашки напад во Анкара, кога терористи активирале експлозив пред турското Министерство за внатрешни работи.

На една од снимките од надзорните камери се гледа моментот на експлозијата.

Да потсетиме, двајцата терористи се возеле со автомобил, а потоа едниот пукал, додека другиот се разнел. 

Нападот се случил во централниот кварт Кизилај, а по него е зголемено присуството на безбедносните сили во тој дел од градот. 

Во близина е и турскиот парламент, кој денеска требаше повторно да заседава по летниот распуст.