Момчето М.С. (23) по расправија со својата девојка си пукал во глава во нејзиниот стан во белградската населба Борча. Тој во таа прилика бил тешко повреден, а соседите велат дека сцените по пукањето биле страшни.
– Излегов од станот кога го слушнав истрелот, веднаш знаев дека се случило нешто страшно и дека тоа не е детска игра. Кога комшијата ми кажа за кој стан, веднаш знаев за кого станува збор, само се молев на Бога таа прекрасна девојка да биде добро – раскажува соседот.
Да потсетиме дека сè се одвивало во станот во кој живее неговата девојка. Откако се расправале, младиот човек зел пиштол и си пукал во глава.
-Кога излегов, за секунда видов крв пред врата, бидејќи не ни дозволија да се приближиме, претпоставувам дека го носеа во болницс. Беше проблематичен и бучен, го слушнав како галами секок ден. Никој не треба да заврши вака – вели нашиот соговорник.
Според соговорникот, не се знае колку долго биле во врска, но сигурно се гледале со него во изминатите месеци.
– Еднаш ја видов како плаче, којзнае колку пати плачела таа вели соседот и објаснува дека девојката цело време била до носилката и плачела додека го ваделе.
Инаку, младиот човек се наоѓа во Ургентниот центар, во тешка состојба и лекарите се борат за неговиот живот.