Руската паравоена озогласена група Вагнер е регистрирана во Белорусија, а нејзините активности се означени како образовни услуги наместо воени, според информациите од белорускиот државен регистар на правни лица, објавуваат странските медиуми.
Друштвото со ограничена одговорност „Вагнер Груп“ е регистрирано на почетокот на август, а како вид на дејност на правното лице се наведени – „други видови образование“.
Според локалните медиуми, сопственик на новото правно лице е руската компанија „Конкорд менаџмент и консалтинг“, на чело со Евгениј Пригожин, основачот на Вагнер.
Владата на Литванија претходно денес соопшти дека одлучила да затвори два од шесте гранични премини со Белорусија поради „геополитички причини“, само неколку недели откако борците на групата Вагнер пристигнаа во Белорусија.
Полска претходно го зголеми бројот на војници на границата со Белорусија поради загриженоста за активностите на борците на Вагнер.