ОВА Е НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК ВО СВЕТОТ! Тој ги надмина Илон Маск и Џеф Безос и стана третиот човек во историјата кој ја достигнал оваа вртоглава цифра

Богатството на најбогатиот човек во светот, Бернар Арно, надминува 200 милијарди долари, а првиот човек на француската компанија за производство на луксузни стоки LVMH стана само трето лице, по Илон Маск и Џеф Безос, кој некогаш имал такво богатство.

Богатството на Арно за прв пат надмина 200 милијарди долари бидејќи акциите во неговата француска империја за луксузни стоки LVMH достигнаа рекордно високо ниво, пишува весникот The Guardian.

Овој 74-годишник стана само третиот човек во историјата кој се здобил со вакво богатство. Илон Маск и Џеф Безос веќе ја достигнаа таа магична бројка, пред нивното богатство да се намали поради падот на цените на акциите на технолошките компании.

Бернар Арно

Богатството на Бернар Арно деновиве се зголеми за 2,4 милијарди долари, на 201 милијарда долари, според индексот на милијардери на Bloomberg, кој секојдневно се ажурира.

Илон Маск

Неговото богатство се зголеми за 39 милијарди долари оваа година бидејќи акциите на LVMH пораснаа за 30 отсто, благодарение на зголемената побарувачка за луксузни стоки меѓу богатите во светот.

Џеф Безос

Францускиот милијардер е 25 милијарди долари побогат од Маск, чиешто богатство е нарушено со купувањето на социјалната мрежа Твитер од 44 милијарди долари и падот на вредноста на компанијата за електрични автомобили Тесла за 50 отсто во изминатата година.

Маск е ко-основач, извршен директор на Тесла и поседува 13 отсто од акциите. Безос, кој беше првиот човек кој достигна граница од 200 милијарди долари во август 2020 година, е трет најбогат човек во светот со богатство со 128 милијарди долари.

Бернар Арно е претседател и главен извршен директор на LVMH, кој поседува брендови како Lousi Vitton, Christian Dior и шампањ Moët. Нејзините акции скокнаа за повеќе од 150 отсто во изминатите три години, достигнувајќи ново највисоко ниво од 853 евра во средата.

Овој човек, кој беше ко-основач на групата за луксузни стоки пред 35 години и е нејзин мнозински акционер, неодамна ги назначи своите деца на клучни улоги во бизнисот.

Во јануари, неговото најстаро дете, ќерката Делфин, беше именувана за прв човек на брендот Christian Dior, вториот по големина бренд во империјата, а нејзиниот брат Антоан беше унапреден на чело на холдинг-компанијата што ги контролира LVMH и богатството на семејството.

Неговите три помали деца имаат и важни работни места во најголемата светска компанија за луксузна стока, која вклучува брендови како TAG Heuer, Bulgari и Tiffany.

Бернар Арнобогатствопари