Ова е најголемиот партнер на Русија и Кина

Кина и Русија имаа најголем удел во увозно-извозните трговски активности на Монголија во првите четири месеци од оваа година, соопшти Националното биро за статистика на Монголија.

Според тој извештај, резултатите во првиот квартал од 2024 година покажале дека Монголија извезувала стоки во 57 земји и увезувала производи од 137 земји, пренесе ТАСС.

Агенцијата забележува дека 38,2 отсто од целата стока увезена во Монголија била од Кина, а 27 отсто од Русија.

Монголскиот извоз е убедливо најориентиран кон Кина со 91,3 отсто, додека само 0,8 отсто од стоките се испорачуваат во Русија.

Русија ја снабдува Монголија со нафтени деривати, храна за домашни миленици, прехранбени производи, вештачко ѓубриво, а главно увезува кожа.