Новак Ѓоковиќ победи во многу драматично финале одиграно во Синсинати против Карлос Алкараз, и на тој начин стекна почит од различни спортисти ширум светот.
Неговиот подвиг го коментираше и Грег Руседски, поранешен тенисер со британско и канадско потекло. Тој изјави дека ова го смета за најголемиот пресврт на Новак Ѓоковиќ во кариерата.
„Најголемиот пресврт на Новак Ѓоковиќ на сите времиња. Не видов тоа да се случи претходно, се бореше со топлината. Каков шампион, каков играч. Како го сврте ова ? Ова ќе боли Карлос Алкараз. Еден од најболните загуби, бидејќи имаше целосна контрола врз натпреварот. Без сомнение, најголемиот пресврт што го направил Новак Ѓоковиќ досега“, изјавил Грег Руседски.
Со оваа победа Новак Ѓоковиќ се доближи до младиот шпански тенисер со 20 поени заостанување на АТП листата, а Новак Ѓоковиќ ќе добие шанса повторно да биде лидер на претстојниот УС Опен.