ОВА Е НАЈЗДРАВИОТ ЈАТКАСТ ПЛОД – Еве што велат научниците!

Ако сте во потрага по здрава ужина, тогаш јаткастите плодови се вашиот совршен избор. Тие се богати со здрави масти и се препорачуваат доколку сакате здрава закуска. Сепак, најздравиот од нив, особено доколку сакате да го одржите здравјето во средните и доцните години, е оревот.

Ова го откриле истражувачите од Универзитетот во Минесота во чие истражување биле вклучени 3023 испитаници, на возраст од 18 до 30 години и кое траело околу 20 години. Истражувачите откриле дека оние кои редовно консумирале ореви биле помалку изложувани на срцеви заболувања за разлика од другите испитаници. Тие, исто така, биле физички поактивни и се хранеле поздраво од другите.

Така, научниците дошле до заклучок дека консумирањето јаткасти плодови само по себе претставува поттик за здрава исхрана и здрави навики во животот. Доколку се здобиеме со здрави навики од најрана возраст, голема е веројатноста дека ќе продолжиме да ги практикуваме како што ќе старееме. Со други зборови, доколку сме навикнати да консумираме ореви за ужина, најверојатно оваа навика ќе продолжи како што ќе старееме, особено во период кога ќе имаме корист од нивните хранливи состојки.

Оревите содржат омега-3 масни киселини кои имаат антиинфламаторно дејство и ја подобруваат работата на срцето. Згора на тоа, тие содржат и влакна кои го урамнотежуваат нивото на шеќерот во крвта.

Доколку сакате да се уверите во овие придобивки, ви препорачуваме да започнете со јадење по неколку ореви на ден. Можете да ги комбинирате со сува брусница и житарки или да ги јадете без други додатоци. Во секој случај, нивните здравствени придобивки нема да изостанат.