Некој има омилена страна, некој сака на грб, друг спие цела ноќ без да размислува за болката и како таа положба анимира одредени органи.
Сепак, положбата на спиење на стомак многу влијае на функционирањето на телото.
Експертите велат дека спиењето на стомак врши притисок врз органите за варење, што предизвикува киселината од желудникот да оди нагоре во хранопроводникот и може да ја иритира слузокожата и да предизвика горушица. Ова може да предизвикува непријатност и го нарушува сонот.
Можеби ви е удобно да лежите на стомак, но таа поза го зголемува и притисокот на ‘рбетот, поради што вратот се искривува, а таа положба секако не ви е удобна. Дури и да имате здрав сон и да не го чувствувате, следниот ден ќе се разбудите со болки во ‘рбетот и вратот.
Се верува дека за здраво варење најдобро е да спиете на левата страна, бидејќи оваа положба му овозможува на желудникот да ја добие најприродната форма. Спиењето на десната страна е добро за циркулацијата и срцето, но не е добро за варењето. Позицијата на грбот е неутрална и можеби најдобра кога се во прашање органите за варење, бидејќи тежината на телото е рамномерно распоредена и не ја попречува нивната работа.