Според многумина, островот Хаб попознат како Just Room Enough (во превод – доволно место) е најмалиот населен остров во светот.
Зазема само 310 квадратни метри на реката Свети Лоренс во округот Џеферсон во американската држава Њујорк.
Островот му припаѓа на архипелагот Илјада Острови кој се наоѓа на границата меѓу Соединетите Американски Држави и Канада.
На островот има доволно простор за куќа, дрво, малку трева и минијатурна плажа. Локалните жители се шегуваат дека островот е толку мал што ако направите еден погрешен чекор ќе завршите во вода.
Островот е во сопственост на богатото семејство Сајзленд уште од педесеттите години на минатиот век. Тие сакале тивко место за одмор, па изградиле куќа на нивниот мал остров.
Но, откако се прошири веста за островот со само една куќа на него, многу луѓе станале љубопитни и почнале да го посетуваат со чамци.