Светската туристичка организација на Обединетите нации објави листа на најмалку посетени земји во светот за 2023 година. Првото место го зазеде Тувалу, островска држава во Тихиот Океан јужно од Кирибати и северно од Фиџи. Според бројот на жители е на второто последно место меѓу земјите во светот, пред Ватикан.
Тувалу има прекрасни песочни плажи и тиркизни мориња, но се наоѓа на многу изолирано и лошо поврзано место. Затоа, не е чудно што само околу 3.700 туристи годишно ја посетуваат оваа островска држава. Најлесен начин да се стигне до Тувалу е со авион преку Фиџи, но директните летови се многу ретки.
World Travel Guide пишува дека до Тувалу може да се стигне со директен лет од Сиднеј, Мелбурн и Бризбејн, а секој лет трае меѓу три и пет часа. Но, според Daily Mail, Тувалу е место кое наскоро би можело да исчезне поради климатските промени и глобалното покачување на нивото на морето.
И покрај ретката посета, Тувалу стана сензација на социјалните мрежи каде многу луѓе објавуваат прекрасни сцени од песочните плажи.