Вчера се одржа првата вечер од музичкото натпреварување „Евровизија 2024“ , а многу натпреварувачи го шокираа светот со своите настапи.
Еден од нив е претставникот на Финска, Windows95man, кој се претстави со песната „No Rules“ и ги изненади сите кога излезе на сцената без долна облека.
Имено, тој излегол на сцената од големо јајце , додека носел маица, додека не носел панталони или долна облека, а на целиот свет му го покажa голиот задник.
Неговиот настап на „Евровизија“ секако привлече големо внимание.
Неговите фотографии од скандалозниот настап веднаш се појавија на социјалните мрежи, каде луѓето ги коментираа овие сцени.
„Човек без долна облека на Евровизија… Па, тоа уште не сме го виделе”, „Ова нема смисла“, „Веќе ништо не нè изненадува“, продолжија коментарите.