Четирите каменчиња кои Нил Армстронг и Баз Олдрин ги донеле од Месечината завршиле кај Тито, а денес се чуваат во Музејот на Југославија.
Имено, подароците кои ги добил Јосип Броз Тито за време на неговото владеење сочинуваат збирка со непроценлива вредност, а во неа особено се издвојуваат четири каменчиња доенсени од Месечината.
– Четирите камчиња кои Нил Армстронг и Баз Олдрин ги донеле од Месечината, а Ричард Никсон му ги испратил на Јосип Броз Тито во 1970 година, според проценките на НАСА вредат неверојатни 500.000 долари. Камчињата што им беа испратени на народот на Југославија се во Музејот на Југославија – вели историчарката Невена Ковачевиќ на нејзината страница на Инстаграм.
Таа откри и како овие вредни камчиња завршиле кај Тито.
– Пред да пристигнат камчињата во Југославија, земјата ја посетија астронаути кои беа на Месечината, што беше голема чест. Тројцата астронаути го добија Орденот Ѕвезда на Југославија со лента од Тито, се прошетаа со отворен автомобил низ центарот на Белград. По тој повод во Белград имаше голема прослава и многу луѓе излегоа на улиците да ги поздрават. Никсон испрати камчиња во Југославија следната година. Освен камчињата од огромна вредност, астронаутите го донесоа и знамето на СФРЈ што патуваше со нив на Месечината и назад. Фактот што Никсон им подари камчиња од Месечината на жителите на Југославија, а тројцата астронаути ја посетија Југославија, единствената комунистичка земја на нивната рута, говори за уникатната положба што Југославија ја имаше за време на Студената војна – изјави Невена Ковачевиќ.