Сладолед направен од најскапиот тартуф, саке касу и пармиџано реџиано сирење влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Можеби до сега не сте слушнале за Челато, но сега барем накратко ќе се сеќавате на ова име, бидејќи така се вика сладоледот кој благодарение на високата цена влезе во Гинисовата книга на рекорди. Имено, јапонската компанија ОМЕР произведе сладолед од најценетиот бел тартуф од Алба, пармиџано реџиано сирење и саке касу, односно нуспроизвод од производството на саке. Сепак, овој сладолед влезе во Гинисовата книга на рекорди не поради ексклузивноста или убавината на вкусот, туку поради цената која изнесува 873.400 јапонски јени (иако на официјалната веб-страница пишува 880.000), 5.469 фунти, 6.211 евра или 6.696 американски долари.
Вкусот на овој луксузен сладолед се вика Бјакуја. Како што објавија од Гинисовата книга на рекорди, тие го усовршувале повеќе од година и пол преку многу верзии кои веројатно само малкумина ги знаат. А меѓу нив, според странските медиуми, е и Тадајоши Јамада, угледен јапонски готвач од ресторанот RiVi во Осака. Имено, тој имал задача да ги спои сите тие набројани вкусови во сладолед. Дали успеал веројатно ќе оценат малкумина, односно оние кои имаат 6.211 евра за да платат топка сладолед.
Инаку, сладоледот доаѓа во тегла, спакуван во кутија обложена со црн кадифе со логото Cellato. Со него е спакувана и мала лажица за сладолед, како и ампула со масло од бел тартуф. Кога ќе го отворите капакот, можете да видите рендано италијанско сирење, саке сос и златен лист кои се јаде. Без разлика на цената, маслото ќе треба сами да го додадете во сладоледот.
Гинисовите судии кои го пробале велат дека Бјакују е „комплексен, богат и налик на тартуфи, со ноти на пармезан и саке, што кулминира со прекрасно искуство“.