Ова е најстариот пар на светот: Заедно имаат над 200 години, се познаваат уште од студентските денови, а се венчаа во дом за стари лица! (фото/видео)

Во дом за стари лица во Филаделфија се случи необична венчавка која предизвика воодушевување ширум светот.

Марџори и Берни се запознале на маскенбал во дом за стари лица пред речиси десет години. Нивната врска започна сосема спонтано, а првата средба, судбоносна, се совпадна со роденденот на правнуката на Берни. Со текот на годините нивната љубов растела, а семејството со ентузијазам ја прифатило нивната одлука љубовта да ја крунисаат со брак.

– Имаа толку среќа што се најдоа.Тие меѓусебно се поддржуваа, особено за време на пандемијата COVID-19, рече внуката на Берни, Сара Сичерман, додавајќи дека тие двајца се вистински пример за тоа како љубовта може да процвета во секој момент од животот.

Заедно оделе на универзитет 

Интересно, пред да се сретнат во домот за стари лица, Марџори и Берни истовремено
студирале на Универзитетот во Пенсилванија, но во тоа време не се познавале. Рабинот Волберг се пошегува дека нивната приказна може да заврши на насловната страница на следното издание на универзитетското списание.

Свадбата на оваа двојка би можела да влезе во Гинисовата книга на рекорди како брак на пар со најмногу години заедно. Претходниот рекорд го држеа Дорин и Џорџ Кирби од Англија, кои заедно имаа 194 години кога се венчаа во 2015 година. Марџори и Берни имаат неверојатни 202 години заедно.

– Поднесовме апликација за Гинисов рекорд и веруваме дека ќе го освоиме, изјави Сара Сичерман, која со ентузијазам ги сподели деталите за овој посебен ден.

Нивната приказна нè потсетува дека љубовта е безвременска, а Марџори и Берни со својот пример покажаа дека никогаш не е доцна за нова среќа. Нивната заедничка иднина ветува уште многу прекрасни моменти, бидејќи како што велат, вистинската љубов никогаш не старее.