Калиопи е неутешна откако жена од публиката почина на концертот во Белград!
Македонската пејачка Калиопи синоќа требаше да одржи концерт во МТС салата, но на самиот почеток на вечерта се случуваше драма. Една жена, на која и се слоши на почетокот на концертот, почина во концертната сала.
На неименуваната жена, која на концертот дошла во придружба на нејзината ќерка и пријатели, и се слошило непосредно пред почетокот на концертот, по што била повикана брза помош. Салата била испразнета за да и помогнат лекарите на жената, наводно била извршена реанимација, но за жал таа починала.
Медиумите пренесуваат дека пејачката тешко ја прифатила веста за трагедијата и дека била однесена во полициска станица за да даде изјава во полиција, пишува Мондо. Сведоците пренесоа дека пејачката плачела и дека веднаш по веста за смртта на жената била со нејзината ќерка. Сега за прв пат и како што напиша „само овој пат“ се огласи за тоа на Инстаграм. Заедно со црната слика, Калиопи испрати потресни зборови:
„ Ова е најтажниот ден во мојата кариера… Денес, наместо да славиме живот на мојот концерт, изгубивме живот… Во мое име и целиот мој тим, изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатата личност. Ова е моја прва и единствена изјава за вечерашниот немил и многу тажен настан за сите нас…Се надевам дека мојата публика ќе има разбирање поради одложувањето на вечерашниот концерт…Наскоро ќе биде објавен нов термин. Калипи “.