Првите примероци ќе се појават на патиштата следната година, а масовното производство ќе започне во 2025 година.
Московскиот политехнички институт (МАМИ) минатата недела го претстави прототипот на идениот електричен автомобил. Моделот со работно име Амбер го доби прекарот „Убиец на Тесла“ за само два дена.
Проектот е нарачан од фабриката Автотор од Калининград, позната по производството на автомобили БМВ , Форд , Киа и Хјундаи (додека тие не се повлекоа од Русија ), а целиот проект е „под договор“ со Министерството за индустрија и трговија, пишуваат руските медиуми .
Сите главни компоненти на електричното возило, како што се моторот, воланот и батериите, се развиени и произведени во Русија. Деловите за каросеријата се земени од Лада Веста, а дополнителна посебна карактеристика е тоа што батеријата може да се изнајмува.
Сертифицирањето на првите пет примероци е планирано за 2024 година, додека масовното производство треба да започне во 2025 година.
Но, набргу по претставувањето на руската електрична гордост, социјалните мрежи и порталите буквално експлодираа.
Главна мета се шефовите на одделот за дизајн поради очајните визуелни решенија со кои се чини дека сакаат да му ја земат титулата најгрд автомобил на светот од легендарниот Fiat Multiple, а многумина ги потсетува на возилото на главниот лик од популаниот цртан фил Мамли.
Најавата дека сите компоненти на автомобилот ќе се произведуваат во Русија е исто така спорна, бидејќи многупати се покажа дека делови од руски автомобили доаѓаат со ознака „Произведено во Кина“.
Kaliningrad, occupied by Russia ❗
— LX (@LXSummer1) December 18, 2023
The Kaliningrad Avtotor plant presented a prototype of the Amber electric car. ⚡👀
The picture shows a “test mule”; the production electric car will have a completely different design, the manufacturers promise. When creating the body, Avtotor… pic.twitter.com/nJCL84Eixl
По лавината лоши реакции од руската јавност се огласи и портпаролот на фабриката Автотор кој тврди дека немаат врска со овој автомобил.
„Изгледот на овој автомобил нема ништо заедничко со електричниот модел Amber што го развиваме. Дистрибуираните фотографии ја прикажуваат универзалната платформа што се користи за тестирање на работата на сите системи на идниот автомобил.
“Конечната сериска верзија во поглед на дизајнот нема да има врска со ова“, нагласи портпаролот на Автотор.