Доктор по економски науки, мајка, директорка на хуманитарна фондација и сопруга на најдобриот тенисер во светот, Јелена Ѓоковиќ, е вистинска дама за пример. Позната по својата здрава исхрана, мајката на Стефан и Тара е инспирација за многу домаќинки кога станува збор за подготвување оброци. Со години заедно со Новак Ѓоковиќ не консумираат месо, а за многу намирници кои повеќе не ги користи, наоѓа соодветна замена.
Еден од омилените десерти на Јелена Ѓоковиќ е оваа посна, кремаста фантазија.
Неопходни намирници за подготовка:
- 200 g. какао путер
- две лажици кокосово масло
- 150 g. какао во прав
- три лажици јаворов сируп
- една лажичка лецитин
- кокосово или бадемово млеко
Неопходни намирници за филот:
- 100 g. какао путер
- една лажица кокосово масло
- три лажици јаворов сируп
- една лажичка лецитин
Подготовка:
Растопете какао путер со кокосово масло. Додадете какао во прав, јаворов сируп, лецитин, сол. Потоа смесата поделете ја на два дела, па во едниот дел истурете неколку лажици растително млеко и убаво измешајте. За филот растопете ги путерот од какао и кокосовото масло, додадете јаворов сируп и лецитин, па измешајте. Со лажица извадете малку од сите три смеси и наредете ги во калапи за мафини или чаши. Калапите или чашките оставете ги во замрзнувач 30 минути за добро да се стегне колачот односно овој десерт.