Премиерот на Унграрија, Виктор Орбан, денес изјави дека неговата земја нема да дозволи собири за поддршка на терористичките организации, додавајќи дека унгарските граѓани можат да се чувствуваат безбедно, без разлика на нивната вера или потекло.
„Шокантно е тоа што низ Европа има собири на оние кои ги поддржуваат терористите“, изјавил Виктор Орбан, објави медиумската агенција Reuters.
Тој додал дека такви „обиди“ имало дури и во Унгарија, но дека неговата земја нема да дозволи собирање на поддршка за „терористичките организации“ – бидејќи тоа би претставувало закана од тероризам.
Виктор Орбан изјавил дека пандемијата со вирусот Ковид-19, војната во Украина и терористичкиот напад во Израел покажаа дека ова е „опасна ера“, но нагласи дека Унгарија ќе ги заштити сите свои граѓани.
„Сите тие се унгарски државјани, дури и оние кои имаат различни политички ставови. Унгарската држава мора да ги заштити. На унгарските граѓани не смее да им се дозволи да се чувствуваат небезбедно поради нивното потекло или религија. Ова е безбедна земја“, порачал Виктор Орбан.