Тешка сообраќајна несреќа се случи утринава на патот Сириг-Ченеј, во правец кон Нови Сад, при што загинаа брачна двојка – Александар (50) и Снежана Л.(49).
Тие загинале во патнички автомобил, а до трагедијата дошло кога пред нивното возило скокнала срна.
– Возачот со намера да ја избегне, изгубил контрола, се префрлил на левата лента, каде имало страничен контакт со камионот. Двајцата починале на лице место – велат извори од истрагата.
Имено, Александар Л., кој бил зад воланот, за жал не успеал да го избегне камионот.
-Од силината на ударот свртеле во спротивната лента и десната страна на автомобилот се судрила со камион кој доаѓал од спротивната насока – изјавија извори од истрагата.
Грозоморна е сцената на фотографијата од местото на несреќата, речиси ништо не остана од автомобилот кој од страна се судри со камионот.