Ова е првиот знак дека во вашето тело се формирал тромб! Ако го игнорирате, последиците можат да бидат фатални

Иако појавата на тромби најчесто се поврзува со луѓе постари од 60 години, лекарите предупредуваат дека границата е сериозно поместена, а помладите се повеќе се соочуваат со оваа опасна состојба.

Што е тромб? 

Тромб е згрутчување на крвта што вообичаено се формира за да го запре крварењето. Меѓутоа, 
проблемот се јавува кога непотребно се формира и го попречува протокот на крв , што може да предизвика сериозни компликации, како што се срцев удар или мозочен удар.

Каде може да се појави тромб и кои се симптомите?

Некои од првите симптоми кои можете да ги забележите пред да биде предоцна за реакција и на кои треба да обрнете внимание, се појавуваат на различни места каде што може да се формира згрутчување на крвта. 

Срце: Болка во градите, забрзан пулс, отежнато дишење, гадење, крвав спутум, веднаш посетете лекар!

Мозок: главоболка, конфузија, слабост, проблеми со говорот, симптоми слични на мозочен удар.

Нога: Болка, оток, промена на бојата на кожата, можни компликации како белодробна емболија ако тромбот патува до белите дробови.

 

Белите дробови: болка во градите, забрзан пулс, крвава кашлица, отежнато дишење, често без јасни симптоми.

Бубрези: Крв во урината, намален нагон за мокрење, обично без изразени симптоми.

Стомак: Силни болки, повраќање крв, црни столици со непријатен мирис.

Кој е во ризик?

Најранливи се луѓето кои седат долго време, се физички неактивни, дебели, имаат висок холестерол, дијабетес или неодамна имале операција или повреда.