Во Србија се рашири веста дека е пронајдено тринаесетгодишно девојче кое утрово исчезна во Белград.
Како што изјави нејзиниот татко за Курир, таа е добро. За причините за исчезнувањето само накратко кажа:
– Што да кажам, пубертет и веројатно некаков каприц, но фала богу се заврши добро – а потоа им се заблагодари на сите што учествуваа во потрагата.
Во моментот на нејзиното исчезнување, таткото рекол: „Утринава таа нормално си ја пишуваше домашната задача во својата соба и кога се врати сопругата, таа не беше таму“.
Да потсетиме, на социјалните мрежи денеска се проширија апели за помош во потрагата по исчезнатото девојче. За среќа, потрагата беше успешно завршена.