Во јавноста со денови се зборуваа за невидените злосторства што ја снајдоа Србија, поточно за монструозните масовни убијци кои ладнокрвно убиваа во Врачар и Дубона. Над 10 детски животи згаснаа, а многу семејства беа завиени во црно и тој ден не ги пречекаа и гушнаа своите најблиски, туку беа принудени да ги испратат во нивниот вечен одмор, поради двајцата бездушни убијци, Коста К.(13) кој уби осум ученици и чувар на училиштето „Владислав Рибникар“, а рани шест ученици и наставник и Урош Б.(21) кој изврши крвав напад во кој во околината на Младеновац уби осум, а рани четиринаесет.
Многу јавни личности го кренаа својот глас и го искористија своето влијание за да ја рашират веста и да најдат начин да спречат какви било ситуации да се случат. Една од гласноговорниците на споменатата тема е Јелена Карлеуша која проговори преку своите социјални мрежи.
– Две масовни убиства во Србија се дело на двајца психопати. Тоа е ментална болест. Нарушување на мозокот. Болест. Дали разбираш? Како кога некој има рак. Нема вина ниту кај родителите, ниту во општеството, ниту во училиштето. Не се станува психопат со гледање реални шоуа. Не стануваш убиец со гледање убиства во филмови и игри. TikTok не прави убијци. Не стануваш убиец со одење на стрелиште. Зошто моето или твоето дете не убиваат? Тие изгледаат исто! Дали сме подобри родители? Не, нашите деца се нормални. Малиот Коста и овој Урош се едноставно болни. Тврдењето дека психопатите прават реални шоуа, игри и филмови е исто како да тврдите дека гледањето телевизија или социјалните мрежи може да ви предизвика рак на мозокот. Не може. Може само да инспирира. Но, само некој болен. И нема превенција од тоа. Нив и еден поглед може да ги инспирира. Точка! – Јелена беше јасна во искажувањето на ставовите.