Ова е причината зошто статуите имаат мали гениталии

Ако некогаш сте застанале пред древна статуа на гол маж, веројатно сте забележале совршени мускули и мал генитален орган.

Причината зошто сите овие мажи се прикажани со мали пениси е всушност многу интересна и на некој начин апсолутно генијална.

Според How To Talk About Art History, во античко време, величината не била нешто што се вреднувало и нешто за фалење.

Историчарката Елен Оредсон вели дека луѓето во антиката мислеле дека големите пениси им припаѓаат на мажи кои се „глупави, похотливи и грди“.

Се сметало дека мажите со мали пениси се порационални и поинтелигентни.

Доказ за овие антички идеали може да се најдат и во записите од тоа време, како што се комедите на писателот Аристофан. Луѓето тогаш веруваа дека колку е помал пенисот на мажот, толку се поголеми шансите тој повеќе да размислува со мозокот отколку со пенисот.

Исто така, уметниците во тоа време едноставно сакале да поминуваат повеќе време на детали како мускулите и структурата на лицето отколку на „поправање“ на гениталиите.