Љиљана Јорговановиќ е позната новинарка и текстописец. Независно, но и заедно со покојната Марина Туцаковиќ ги напиша најголемите хитови за многу музички ѕвезди во претходните 20-тина години.
Како што беше очекувано, Љиљана е автор и на неколку песни на новите албуми на ЈК „Алфа“ и „Омега“, а една од песните што стана хит на првото слушање е песната „Romane“.
Од моментот на објавување на песната сите се прашуваaт кој е мистериозниот Роман на кој му се обраќа Јелена во песната. Како што пишуваат српските медиуми, тоа е никој друг туку рускиот милијардер Роман Амбрамович, еден од најбогатите луѓе на светот.
Дека навистина се работи за руски олигарх и нафтен магнат потврди и самата Јорговановиќ, авторка на овој необичен и интригантен текст.
– Да. Роман Абрамович ми беше инспирација за текстот. Синоним за милионер, а неговото име беше певливо. Текстот е напишан пред украинската војна, а пораката на песната е слатка и убава – изјави Љиља, а потоа откри и некои други стихови од оваа песна, кои ги немаше во финалната верзија што се најде на албумот ,,Омега“:
– Имаше повеќе стихиви отколку што се испеејаа. Да речеме: „Катарина владееше порано, сега владее Шајк Ирина“ или „Роман, качи се во авион, па посети го Путин во Сочи“ – ни изјави Љиља.