Рускиот пилот кој пребегнал на украинската страна и и’ предал хеликоптер Ми-8 на својата армија ќе добие награда од половина милион долари, изјави во вторникот украински функционер.
Портпаролот на украинското воено разузнавање Андриј Јусов изјави дека парите ќе бидат исплатени во украинска гривни.
Тој ги повика и другите припадници на руската армија да го следат примерот на дезертерите.
Украинските медиуми со денови пишуваат за бегството на 28-годишниот Русин, Максим Кузминов. Уќ
Украина има официјална листа на награди за воена опрема предадена од руски војници. За тенк, на пример, можат да добијат 100.000 долари. Од друга страна, во Русија се плаќаат бонуси за авиони, тенкови и друго оружје.
– Украина е демократска држава во која владее правото. Ние ги исполнуваме нашите сопствени обврски од меѓународното право. Затоа, уште еднаш повторувам, оние Руси кои не сакаат да станат воени злосторници, треба да се предадат, да одат на украинската страна и да ја бранат својата чест и совест, да се борат против режимот на Путин – рече Јусов.
Тајната служба го убедила младиот човек да се префрли на украинската страна како дел од специјална, долга операција, пишува Хина.
Според онлајн порталот „Украинска правда“, хеликоптерот слетал во областа Харков на истокот на Украина. Двајца членови на екипажот загинаа. Пилотот е во Украина со своето семејство, кое претходно побегна од Русија.
Во земјата се наоѓа и хеликоптер, за кој се вели дека носи резервни делови за руски борбени авиони, објави Украинска Правда.
Повеќе од 18 месеци Украина се брани од руската инвазија со воена помош од Западот.