Немања Величковиќ (33), свештеник на Браничевската епархија, загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи во неделата околу 18:50 часот во градот Ботуње, на државниот пат од Баточина кон Крагуевац.
Тој бил зад воланот на еден од автомобилите кои учествувале во страшниот верижен судар. Тој починал на лице место.
Со него во автомобилот била неговата сопруга и нивните три ќерки. Сите се повредени а сега се наоѓаат во болницата во Крагуевац.
Жената си ја повредила раката, а децата се надвор од животна опасност.
Во таа сообраќајна несреќа загина само Немања Величковиќ, а во Медицинскиот центар во Крагуевац се пренесени осум повредени, меѓу кои пет деца, сите се во стабилна состојба.