Број еден рекетот во светот Новак Ѓоковиќ нема да може да се натпреварува на пролетните турнири во САД.
Српскиот тенисер побара од американските власти посебни отстапки од правилата за вакцинација против корона вирусот, за да може во наредниот период да се појави на турнирите во Индијан Велс (Калифорнија) и Мајами (Флорида), но засега тој нема дозвола за такво нешто.
По срамната одлука да му се забрани влез на Новак во САД, голем број тенисери му дадоа голема поддршка на српскиот ас.
– Не грижете се, на 11 мај тој ќе се смета за доволно безбеден за да влезе во САД. Дотогаш тој е премногу опасен. Не ја доведувајте во прашање науката, нашата влада за сè е во право од почетокот на пандемијата на корона вирусот – напиша Џон Иснер на Твитер.
И Марди Фиш проговори: – Ова е смешно. Извини, Ноле.