Несреќата се случила во Пардубице.
Камера од блискиот индустриски комплекс снимила страшен судир на возови во чешкиот град Пардубице, во кој најмалку четири лица загинале, а многу други се повредени.
Видеото е објавено на социјалната мрежа Х, а го објави и чешкиот портал Blesk.cz.
За потсетување, брз воз со околу 200 луѓе од Прага до Кошице се судри со товарен воз, а портпаролката на чешките железници потврди дека во несреќата има загинати и тешко повредени.
Звукот од снимката е навистина страшен, иако камерата е на голема оддалеченост од станицата Центар, каде што се случи трагедијата. Се гледаат светлата на возот кој минува низ градот, заедно со вообичаените звуци на моторот, а потоа се слуша заглушувачки удар, проследен само со тишина, пишува Blesk.cz.
Podle https://t.co/Zbp0Pzcuai jsou na místě nehody osobního vlaku v Pardubicích desítky zraněných. https://t.co/WqMuzpQjZQ
— Filip Horký (@FilipHorky) June 5, 2024
– Ми се чинеше дека се оди во погрешна насока. Семафорот беше зелен. Одеднаш се слушна удар – изјави еден од патниците за Novinky.cz.
Судирот се случил на новата станица Пардубице Центар, а железничкиот сообраќај во овој дел на Чешка во моментов е во прекин.
Возовите директно се судрија, а министерот за полиција Вит Ракушан и министерот за транспорт Мартин Купка излегоа на местото на настанот.
Чешкиот премиер Петр Фијала зборуваше за мрежата Х со следнава порака:
„Судирот на два воза во Пардубице е голема несреќа. Сите мислиме на жртвите. Изразувам искрено сочувство“.