Според првите информации, 2 лица загинале кога руски бомби го погодиле пазарот во Харков.
Градоначалникот на Харков Игор Терехов рече дека многу луѓе се водат за исчезнати, но тој не даде конкретни бројки. Официјални лица рекоа дека до 200 луѓе можеби биле во хипермаркетот во моментот на нападот.
„Нападот беше насочен кон трговскиот центар, каде што имаше многу луѓе – ова е очигледно тероризам “, рече Терехов.
Веднаш по нападот, украинскиот претседател Володимир Зеленски упати нова молба за дополнителна помош во снабдувањето со противвоздушна одбрана за заштита на градот со околу 1,3 милиони жители.
Снимките покажуваат огромни облаци чад кои се издигнуваат на небото од местото на настанот.
Сведоците ги опишаа сцените во трговскиот центар.
„Бев на работното место. Го слушнав првиот истрел и… јас и мојот колега паднавме на земја. Имаше втор истрел и бевме покриени со урнатини. Потоа почнавме да ползиме“, рече Дмитро Сиротенко, кој има голема рана на лицето.
Харков, вториот по големина град во Украина, кој се наоѓа на 30 километри од руската граница, беше цел на неколкунеделни руски напади.
Руските трупи ги нападнаа северните области на Харковската област претходно овој месец.