Фантастичниот норвешки голгетер, Ерлинг Халанд, неодамна го потпиша најпрофитабилниот договор во историјата на фудбалот.
Не, не се работи за нов договор со Манчестер Сити, туку со познатиот производител на спортска опрема.
Имено, младиот напаѓач се обврзал да носи копачки на познатиот спортски бренд Nike во следните десет години, а за тоа ќе добие неверојатни 227.000.000 евра, објавија неодамна британските медиуми. Тоа значи дека фудбалерот само од овој бренд годишно ќе заработува 22,7 милиони евра! Ова воедно е и најбогатиот спонзорски договор во историјата на фудбалот.
„Со своите голгетерски фигури ја одбележа не само сегашноста, туку и иднината на фудбалот. Тој е наследник на најголемата деветка и напаѓач на новата генерација“, објави неодамна познатиот спортски бренд.
Девојките кои сакаат да живеат на „висока нога“ обично се врзуваат за врвните фудбалери. Но, во случајот со Халанд не е така. Неговата избраничка Изабел Хаугсенг Јохансен е далеку од девојките кои важат за „спонзоруши“.
Норвешката убавица се труди да се држи настрана од јавноста. Во тоа ѝ помага и самиот фудбалер, кој сака приватниот живот да го држи подалеку од очите на јавноста.
Норвешкиот пар последен пат беше виден во јавноста во декември минатата година, на настан организиран од познат производител на спортска опрема. Пред тоа, исто така, помина долго време од нивното заедничко последното појавување во јавноста.
Изабел има 18 години и пораснала во Брин. Со Ерлинг се познава од детството, а се верува дека тие се во врска откако Халанд настапуваше за Борусија Дортмунд. А дека не ја интересираат парите, луксузот и гламурот, Изабел покажува и дека во ретките појавувања секогаш се облекува скромно