Ова е убиената жена во Нови Сад: На површина излегоа шокантни детали од злосторството (ФОТО)

Според првите неофицијални информации, убиството се случило во семејниот стан, а полицијата веднаш по пријавата пристигнала на местото на настанот.

Во Нови Сад во населбата Грбавица вечерва околу 22 часот е убиена четириесетгодишната Бранка П.

Ја убил невенчаниот сопруг (59) во стан на улицата Војвоѓанска, кога со ладно оружје и’ нанел повеќе убодни рани.

Според првите неофицијални информации, трагедијата се случила во семејниот стан, а полицијата веднаш по пријавата пристигнала на местото на настанот.

Во станот било пронајдено тело на жена, а делото наводно во полиција го пријавило нивното шестгодишно дете.

На телото на жената биле пронајдени убодни рани.