Телото на Немања З. (20) вчера беше пронајден на брегот на Дунав, во Земун, со видливи повреди по телото, по што неговиот цимер Ф.Г.(36) е уапсен под сомнение дека го убил со огнено оружје.
Се огласи и вицепремиерот и министер за за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
– Припадници на МВР во Белград, УКП, Трето одделение, во соработка со Вишото јавно обвинителство Белград, го привеле Ф.Г.(36) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело тешко убиство против Н. Ж (20) од Велики Градиште – рече Дачиќ.
Како што се додава, Ф.Г. е обвинет дека ноќта меѓу 21 и 22 декември со, како што се сомнева, огнено оружје, Н.Ж., со кој живеел како цимер во куќа под кирија во Земун, нанел повеќекратни повреди. Полициските службеници на 30 декември на брегот на Дунав во Земун го пронашле телото на Н.Ж со видливи повреди. Со проверката е утврдено дека за Н.Ж. имало оглас за исчезнато лице од 27 декември годинава.
„И телефонот на цимерот е недостапен…“
Како што напиша српскиот портал „Курир“, Немања Ж. (20) последен пат бил виден во Земун на улицата Дунавска, а како што рекол неговиот брат, последен пат се слушнале на 21 декември, по што бил пријавен за исчезнат.
– Сопственикот на станот во кој живеел Немања со цимерот вели дека го видел пред четири дена. И телефонот на цимерот е недостапен, му ѕвонев, но џабе. Дојде на работа кај мене, немаше знак дека ќе исчезне – изјави тогаш братот на Немања.
– На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство за понатамошна постапка – рече Дачиќ.