Шведска се опоравува од најсмртоносното масовно пукање во историјата на земјата, откако осомничен вооружен напаѓач и 10 лица беа убиени во центар за образование за возрасни во градот Оребро, а локалните медиуми сега објавија дека масакрот го извршил Ричард Андерсон (35).
Неколку медиуми објавија дека осомничениот си го одзел животот со огнено оружје, но полицијата не ги потврдила тие извештаи.
„Единаесет лица се мртви, вклучувајќи го и убиецот“, изјави полицијата за АФП за масакрот што се случи во училиштето за образование на возрасни во вторникот.
Шведскиот весник „Експресен“ го објави идентитетот на напаѓачот, пишувајќи дека се работи за Ричард Андерсон (35), кој претходно и’ бил непознат на полицијата.
Сè уште не е познат мотивот за масакрот. Иако полицијата првично ја отфрли можноста за „идеолошки мотив“, тие подоцна се поправија и рекоа дека ја истражуваат позадината на овој напад и дека подоцна ќе објават нови информации.
Полицијата упаднала во неговиот стан и сега ќе се обиде да го утврди мотивот за масакрот.
– Го викаа Луван. Исчезна по седмо одделение. Со години носел качулка и ги држел рацете над устата. Кога размислував за тоа подоцна, сфатив дека тоа мора да е некоја форма на екстремна социјална фобија. Секогаш се криеше во себе, криејќи го лицето. Беше крајно чуден“, рекол еден од неговите познаници.
Шведски „Експресен“ пишува дека 35-годишниот напаѓач е роден во Шведска и двајцата родители се Швеѓани.
Неговиот братучед откри непознати детали за напаѓачот. Тој додава дека психички не се чувствувал добро, и дека Божиќ не го поминал со родителите.
– ,,Не сакаше собири, тоа некако го нервираше. Не сакаше да биде со нас кога бевме многу, па мораше да бидеме само неколку. Тој не беше кај неговите родители за Божиќ.Тој не беше психички добро“, рече тој.
Посочува и дека бил жртва на злоупотреба во основно училиште.