Руски државјани, (мајка и нејзиниот деветгодишен син) синоќа биле пронајдени мртви во стан во Панчево, кога полицијата утрово по полноќ упаднала во нивниот стан и ги пронашла телата.
Како што пишуваат српските медиуми, Русинот кој изврши двојно убиство и се самоуби по професија е хирург.
– Во Србија дојдоа поради страв од мобилизација. Иако е хирург, имал своја такси компанија во Русија – вели извор и додава:
-Убиената е педијатар за новороденчиња, но во Србија дошла без лиценца која сакал да ја добие и се надевала дека ќе почне да работи.
Соседите откриле дека претходниот ден не го виделе руското семејство. Велат дека таткото постојано си играл со детето пред зградата.
– И синоќа, кога полицијата насилно упадна во станот, тогаш ништо не слушнавме. Бевме многу вознемирени и шокирани кога сфативме дека овој љубезен човек извршил толку страшно злосторство. Неверојатно е дека го убил своето дете со кое постојано си играше пред зградата, а потоа кренал рака на жена која навистина изгледаше прекрасно. Околу телата на мајката и деветгодишното дете имаше многу крв. Убиената е докторка и немала лиценца, а дошла кај надлежните да праша како може да добие лиценца за да почне да работи во Србија. Ги видовме таткото и момчето пред два дена како се возат на скутер и изгледаа многу среќни. Во оваа зграда се последните два месеци, а во Србија дојдоа пред една година поради целокупната ситуација во нивната земја, велат соседите.
Како што велат соседите, руското семејство изминатава година било во Панчево и станарите никогаш немале проблеми со нив.
Злосторството испливало на површина кога ќерката на убиената жена од првиот брак почнала да се распрашува за мајка си бидејќи се немала слушнато со неа цели 12 часа.
-Пријателите ја известиле полицијата, која синоќа упаднала во станот и затекнала грозоморна сцена. Жената и момчето лежеле на подот од станот, додека Русинот се обесил. Истрагата е во тек и ќе ги утврди сите детали за оваа страшна трагедија.