Страшен инцидент се случил рано утрово кога мајка (26) донела шестмесечно бебе во болницата во Тиршов.
Како што пишуваат српските медиуми, детето имало хематоми на главата.
Мајката рекла дека бебето и таа, ноќта меѓу 1 и 2 јуни биле претепани од таткото на бебето, односно нејзиниот невенчан сопруг во станот на Ѕведара.
Со експресна реакција на полицијата, насилникот (25) е уапсен под сомнение дека е сторител на ова кривично дело.
На бебето му биле констатирани полесни повреди и било пуштено дома, додека на мајката и’ биле констатирани потешки повреди на градниот кош.