Жена била пронајдена мртва во станот во кој живеела во Јагодина.
Мајка на пет деца од Јагодина вчера е пронајдена мртва во станот во кој живеела во Јагодина. Според неофицијални информации таа починала како последица на тешки физички повреди.
Припадници на МВР во Јагодина привеле маж од тој град, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело убиство.
Се сомнева дека и нанел повеќе удари по телото на триесет и петгодишна жена која починала од повредите .
На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен пред надлежен обвинител.
Полициските службеници во Јагодина со брза и ефикасна акција уапсиле маж (46) од овој град, поради сомнение дека сторил кривично дело убиство.
Се сомнева дека тој синоќа во својот стан и нанел повеќе удари по телото на триесет и петгодишна жена (35), која од здобиените повреди починала.
На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен пред надлежен обвинител. Истрагата треба да го утврди мотивот за ова злосторство.
Како што е познато, жената била претепана до смрт од нејзиниот вонбрачен партнер во станот во Јагодина каде што живееле. Не е познато каде биле децата во тоа време. Се претпоставува дека смртоносниот исход се случил во 03:00 часот во вторникот.