„Ова куче шири омраза “: Карлеуша се нафрли на Владо Георгиев згрозена од неговото однесување

Карлеуша му се нафрли на Владо, кој на неговиот концерт во Сава центар бил видно пијан.

Пејачката Јелена Карлеуша и нејзиниот колега Владо Георгиев со години не се во добри односи. Иако нивниот конфликт долго време мируваше, Карлеуша сега удри по Георгиев.

Имено, пејачoт одржа неколку концерти во Сава Центар, а еден особено го привлече вниманието на сите. 
Владо побара да му донесат цигара и пиво на сцената , иако тоа беше строго забрането. Тој пушел и пиел непрекинато до крајот на концертот, што и пречело на Јелена, која остро го осудила неговото однесување. 

 Срби, зошто го толерираме овој дегенерик и алкохоличар кој сее омраза и хомофобија? Дали се тоа „вистински вредности“? И ја прашувам оваа публика во Сава Центар, зошто плескате и врескате на ова?! Вака ли се борите за човекови права?  – напиша таа на својот Инстаграм профил. 

Сепак, Јелена не застана тука, па уште еднаш го нападна. 

-Инаку, овој лажен Црногорец, лажен Србин и всушност Бугарин, Владо Георгиев, своите концерти во Сава Центар ги рекламира под слоганот „џентлменски“. На овие „џентлменски“ концерти, ова куче ги шири огромните ноздри, шири омраза, пијано ги навредува луѓето, се сопнува, го нагрдува јазикот и го покажува своето вистинско, изопачено лице. Некој да плати карта за тоа? – праша Јелена.